Грешка на кујнскиот персонал го предизвкал пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот ски-центар во Бол
Пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот скијачки центар во Карталкаја, во општина Бол, во кој загинаа 78 лица, е предизвикан од грешка во кујната на хотелот, ги објавија денеска турските медиуми резултатите од истрагата.
Додека се подготвувал појадокот во хотелот „Гранд Картал“ се запалило врело масло, а пламенот се проширил по погрешна интервенција на вработените во кујната, кои се обиделе да го изгаснат пожарот со вода, јавува турскиот портал Тренд.
Според наодите од истрагата, пожарот настанал со прскање на врелото масло на скарата при приготвувањето на оброкот, а пожарот се проширил поради погрешна интервенција на персоналот во кујната, кој не користел противпожарен апарат, туку вода.
Откако врелото масло дошло во контакт со водата, пламенот се проширил на таванот во кујната, а потоа и на горните катови на хотелот.
Утврдено е дека вработените во кујната реагирале панично и исплашено ја напуштиле кујната, а гостите на хотелот не можеле да бидат информирани за пожарот бидејќи не работел противпожарниот аларм.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“