Грев во црква: Го повредил со коса, а потоа внуците го претепале

Вчера околу 15.00 часот во с.Велебрдо, гостиварско, во трпезаријата на црквата Св.Ѓорѓија, дошло до расправија помеѓу Г.П. (79) од с.Велебрдо и А.М. (61) од Скопје. Расправијата прераснал во тепачка при што А.М. физички го нападнал Г.П., а во еден момент замавнал кон него со коса, нанесувајќи му повреда во вид на расекотина во пределот на челото.
По настанот Г.П. бил пренесен во Здравствен дом Ростуше, каде му била укажана лекарска помош.
Околу 15.30 часот за настанот слушнале Г.Т. (30) и Г.Д. (26) од с.Ростуше(внуци на Г.П.), отишле во куќата на А.М., каде физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и дрвен стап.
По настанот, А.М. е пренесен во Здравствен дом Ростуше, од каде бил упатен во Ургентен центар Скопје, каде е задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Гостивар. Лицата Г.Д. и Г.Т се повикани на разговор.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
