Македонија
9. March 2017 - 19:36

Грѓански протест во Кичево на здружението “За заедничка Македонија”

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва продолжи грѓанскиот протест на здружението “За заедничка Македонија”.

На присутните им се обрати Даме Силјаноски кои во име на граѓанското здружение  рече дека не престанува и никогаш нема да пресане нашата борба за Македонија.

- Овој народ кој секодневно се собира низ цела држава е единствен и сплотен под едно знаме – знамето на Република Македонија. Нема да дозволиме никој повеќе да го погази македонското достоинство. Симболите на Македонија се симболи на нашето опстојување и никој нема право да се пазари со нив. Ќе продолжиме се додека сите инволвирани страни не се откажат од платформи создадени во туѓи држави, рече Силјаноски.

Протестот продолжи со достоинствен марш низ улиците на градот.