-->
-->
Гризман го договорил трансферот во Манчестер Јунајтед
-->

Французинот Антоан Гризман го договорил трансферот во Манчестер Јунајтед и од лето тој ќе биде фудбалер на клубот од „Олд Трафорд“, објавија англиските медиуми.
Премиерлигашот за услугите на Гризман ќе плати отштета од 100 милиони евра и ќе го направи по Пол Погба најскап фудбалер на светот.
Доколку овие информации се точни, тоа значи дека Јунајтед обезбедил наследник на повредениот Златан Ибрахимовиќ.
Гризман во Атлетико дојде 2014 година од Реал Сосиедад за 30 милиони евра и е најдобар играч на мадридските „јорганџии“. Оваа сезона на 46 натпревари постигна 25 голови и забележа 11 асистенции
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк
-

Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
-

Хакерска група тврди дека пробила во сајтот на ФБИ и украла податоци за вработените
-

Блесин нов тренер на Борусија Менхенгладбах
-

Медиуми: Артета и Арсенал договорија продолжување на соработката
-

ЦУК: Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор
-

Илјадници полицајци распоредени околу седиштето на ОН за време на Генералното собрание во Њујорк
-

Седници на три собраниски комисии
