-->
-->
Гризман: Реал и Атлетико склучиле пакт?!
-->

Крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид Антоан Гризман изјави дека постои пакт со градскиот ривал Реал со кој клубовите не може да земаат меѓусебно играчи.
„Точно е дека сакам да освојувам трофеи, но не можам да преминам во Реал. Не поради ривалството кое постои помеѓу двата клуба, туку и поради пактот кој е склопен“- им соопшти Гризман на шпанските медиуми.
Французинот негираше дека сака да си замине од Висенте Калдерон иако призна дека му се допаѓа ПСЖ. Сепак дециден е дека не сака да игра во Франција туку во Шпанија или Англија.
Гризман стана еден од најдобрите светски играчи откако од Сосиедад се пресели во Атлетико Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
