Грковска: Покрај опомена за Груби ќе разгледам и други мерки, за Бектеши се чека да реферира
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска најави дека на вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ќе му биде повторно изречена опомена за непочитување на етичкиот кодекст на однесување поради одржувањето партиски средби на лидерот на ДУИ со Вајмарската тројка во неговиот кабинет, а можни се вели, и други мерки.
-Жал ми е што и покрај опомената што ја изрековме првиот пат има повторување на истото, во тој случај ние покрај тоа што повторно ќе искажеме опомена ќе го информираме премиерот дека се повторува праксата државни простории да се користат за партиски институции, а тоа воопшто не е во линија не само во рамките на одредбите на етичкиот кодекс, туку и во однос на насоките и определбата на поделба на партија од државата. Треба да бидеме уште повеќе посветени да ставаме јасна дистинкција што е партиска, а што државна активност, исто така размислувам дали има можности и за други мерки и реакции, но за тоа кога ќе бидам сигурна и кога ќе одлучам што понатаму во овој аспект, посочи Грковска на новинарско прашање по учеството на сесијата на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија на тема „Справување и борба со корупцијата и заштита на финансиските интереси на државата“.
Прашана дали има размислувања за идниот статус на министерот за економија Крешник Бектеши по носењето на спорната одлука за спојување на концесиите за Иловица, Грковска посочи дека тој во моментов е на службено патување, и оти во врска со случајот, веќе е донесена одлука на Влада со која тој е задолжен на првата наредна владина седница да информира за сите управни и судски постапки поврзани со рудникот, од првата одлука до денеска
-Министерот беше во работна посета на Вашингтон. Очекувам да ги исполни обврските кои се согласно заклучокот на Владата, а согласно другиот аспект, откако ќе ги разгледаме сите аспекти на прашањето ќе одлучиме што и како ќе постапиме понатака, во делот на тоа што се ингеренции на кабинетот, вели вицепремиерката Грковска.
Ново на Сител
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
