Грковска: Правосудниот систем е најслабата карикa
Граѓаните очекуваат да ја видат правдата и да видат дека системот функционира подеднакво за сите и дека правдата нема двојни стандарди туку владеењето на правото и законите важат подеднакво на сите без разлика на каква функција е, вели за Детектор Потпретседателката на Владата задолжена за добро владеење, Славица Гровска
„ Кога ќе видат граѓаните такви двојни стандарди кога за обични граѓани има брзи и чудни пресуди а од друга страна за политичари и бизнисмени кои реално нанеле штета на државата имаме од страна на обвинителството спогодување за вината е многу лоша порака за сите – вели за Детектор Грковска.
Според неа дополнително на ова влијае и слободата на медиумите која таа смета дека се зголемила во последниот период. Грковска објаснува дека кога граѓаните добиваат повеќе информации стануваат и посвесни за корупцијата. Таа вели дека е задоволна со бројките од анкетата кои покажуваат дека Македонија тоне во корупција.
„Ова можеби ќе звучи чудно, меѓутоа јас сум задоволна од ваквиот процент заради тоа што тоа значи дека свесноста кај граѓаните за корупција и за тоа што значи корупција е на високо ниво и дека имаат можност отворено да реагираат на ваквите појави“, рече Грковска.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци
-
Загина пешак кај кочанското село Тркање
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
-
Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области
-
Обилни дождови и поплави во Јапонија и Јужна Кореја
-
Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица)