Грлиќ Радман: Отворање преговори со Македонија и Албанија што е можно поскоро
Македонија и Албанија ги исполнија сите критериуми за отворање на пристапните преговори, а Косово заслужува визна либерализација. Тоа го нагласи денеска во Луксембург, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.
– Албанија и Северна Македонија ги исполнија сите критериуми и веруваме дека треба да се отворат пристапни преговори со нив што е можно поскоро, изјави хрватскиот министер по пристигнувањето на состанокот на Советот за општи работи.
Министерот Грлиќ Радман рече дека Косово треба да добие визна либерализација што е можно поскоро и дека Хрватска силно го поддржува тоа.
Советот за општи работи, составен од министри за надворешни на држави членки, разговара за подготовките за претстојниот самит на ЕУ во Брисел в четврток и петок, миграцијата, проширувањето и Процесот за стабилизација и асоцијација. Португалското претседателство ќе известува пред министрите за работата на Конференцијата за иднината на Европа.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза