ГРОМ бара договорот со Бугарија да се стави на увид на јавноста

Граѓанската опција за Македонија денеска на прес-конференција побара договорот за добрососедство со Бугарија веднаш да се стави на увид на јавноста и да се отвори дебата за него.
Потпретседателот на партијата Љупчо Пренџов рече дека договорот е прашање кое треба да се стави на референдумско изјаснување на граѓаните во октомври заедно со локалните избори.
- Оваа Влада ветуваше дека ќе работи транспарентно и дека за сите прашања ќе се отвораат општествени дебати. Вчера, премиерот Заев пред очите на целата македонска јавност побара затворена седница на комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија. Господине Заев, ниту 45 дена не можевте да издржите- лагата е посилна од вас. Сакате нетранспарентно и далеку од очите на јавноста да разговарате и потпишувате договори кои задираат во македонските национални интереси, рече Пренџов.
Тој додаде дека Бугарите на 5 јули го доставиле договорот пред пратениците во бугарското Собрание.
Ново на Сител
-

Чебрен и Галиште може да се дадат на приватни инвеститори, но водите да останат наши
-

Министерство за одбрана во војна со сопствениот кадар – Ревизија откри големи пропусти
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
