ГРОМ нема да учествува во работната група за уставни измени
Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ на редовна седница на Извршниот Одбор, вчера ја разгледувале поканата од Министерството за правда за учеството во работната група за уставни измени, по што одлучиле да не учествуваат во работата на оваа група.
- По опсежната дискусија во која учествуваа речиси сите членови на Извршниот Одбор ставот на ГРОМ е да не учествува во работата на оваа група затоа што нема потреба од уставни промени. Овој став произлегува од корелацијата меѓу македонскиот и бугарскиот Устав каде македонското национално малцинство нема никакви права загарантирани со устав. Ако за над 200.000 Македонци во Бугарија нема место во нивниот устав зошто би требало да има место во македонскиот Устав за само 3.400 самоосознаени Бугари. Според тоа не учеството во работната група и отфрлањето на потребата од промена на Уставот заради лечење на фустрациите на минорна бугарска група во Македонија е единствен логичен заклучок. Народ кој не ни го признава јазикот и нацијата нема ниту морално право да бара асиметричност во нашиот Устав, зошто да потсетиме на македонците во Бугарија не им е дозволено ниту здружение да имаат иако посебноста на македонскиот народ е потврдена со17 меѓународни пресуди, се вели во соопштението од Центарорт за комуникации на ГРОМ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарскиот кредит за компаниите ќе придонесе за задвижување на економијата
-
Републиканката Луна бара портрет на Трамп да се постави на планината Рашмор
-
Уапсен хирург од битолска Клиничка болница за примање поткуп
-
Дваесет македонски компании реализирале извоз од над пет милиони евра преку Лидл Северна Македонија
-
Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре - Попова Шапка
-
Се поголема поддршка за иницијативата за бојкот на продавниците
-
ЕСМ производство бара 20% поскапо парно