Груби: „Бехтел и Енка“ со истиот посебен закон и со истиот договор гради и во Србија
Со истиот посебен закон и со истиот договор фирмата „Бехтел и Енка“ гради и во Србија, каде што денеска државните власти пуштија во употреба дел од автопатот, објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците на Фејсбук.
- И кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, се потпиша договор со истата компанија за изградба на коридорите 8 и 10Д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација, наведе Груби во објавата.
Тој посочува дека лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат изградбата, туку само ја поскапуваат и го продолжуваат рокот за завршување.
- Зависи од самите пратеници дали ќе се гради поевтино и побрзо или поскапо и подолго, додава Груби во објавата.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
