Груби: Можно е Владата уште денеска да го достави францускиот предлог до Собранието

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби изјави дека е можно уште денеска Владата до Собранието да го проследи францускиот предлог за деблокада на европскиот пат на земјава, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите придружни документи.
Груби посочи дека Владата нема да одлучува за францускиот предлог, туку само ќе ги проследи до Собранието.
– Собранието ќе одлучува за францускиот предлог и ќе ја задолжи Владата за следните активности во однос на целиот пакет.
Тој рече дека во францускиот предлог не е содржан билатералниот протоколот со Бугарија и дека преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазик и културна посебност.
– Ниту премиерот Димитар Ковачевски, ниту кој било друг министер од Владата не го поддржал и не би гласал за преговарачка рамка која би значела асимилација и бугаризација на Македонците, рече Груби.
Ново на Сител
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
