Груби на распит во Обвинителството

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството.
Груби, кој е поранешен вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, пред повеќе од една година избега од државата преку истиот граничен премин поради тоа што заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, беше осомничен за криминал од осум милиони евра за нарачка на ВЛТ-апарати.
Груби се бараше со меѓународна потерница, а му беше определен 30-дневен притвор во отсуство.
Истрагата за „Државна лотарија“, како што соопшти поранешниот државен јавен обвинител, е завршена и се чекаше екстрадицијата на Груби.
Според Обвинителството, предметот за „Државна лотарија“ опфаќа одлуки и договори за кои постои сомнеж дека ѝ нанеле значителна финансиска штета на институцијата, проценета на над осум милиони евра, со намера да прибават противправна имотна корист за друг.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за 18 годишна девојка и две малолетнички за насилството во Куманово
-

Масовен пречек на норвешките фудбалери во Осло
-

Рама: „Отворен Балкан“ се сметаше за ужасна идеја само затоа што Вучиќ и јас стоевме зад неа
-

Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема
-

Иранските власти спасиле 23 морнари од танкер што тонел во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Почнува разврската за титулата, Франција за петто или Шпанија за второ мундијалско финале
-

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, случајот предизвика нови критики кон Агенцијата
-

САД завршија нов бран напади врз Иран, продолжува ескалацијата на конфликтот
