Груби: Независност значи еднаквост
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу
заедниците Артан Груби, по повод одбележувањето на 8 Септември, на сите граѓани им го честита Денот на независноста на Република Северна Македонија.
-За време на 29-годишното патешествие на градењето држава и државната консолидација, заедно научивме дека да се сака и одржува мирот, слободата, независноста, стабилноста, економскиот и социјалниот развој на оваа наша заедничка држава значи да сакаме, чуваме и одржуваме совршено еднакво општество на граѓани, вели Груби.
На денот на независноста на Република Северна Македонија, Груби ги потсети граѓаните дека целосната еднаквост меѓу заедниците во правата, можностите, одговорностите и обврските е основата врз која ќе ја градиме и опстоиме нашата европска иднина, бидејќи целосната еднаквост е духот на слободата и независноста.
Ново на Сител
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп
-
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион