Груби очекува Иванов и ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за јазиците
Пратеникот од ДУИ Артан Груби изјави дека со донесувањето на Законот за употреба на јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор.
- Петнаесет години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, денеска со гласањето за Законот за употребата на јазиците го заокруживме нормативниот дел од овој мировен договор со кој што заврши војната во 2001. Затоа денешниот ден е многу успешен им честитам на сите граѓани затоа што храбро се настапи кон заокружување на овој мировен договор. Сега останува да пристапиме кон имплементација на сето тоа што го усвоивме во Собранието на РМ, рече Груби.
Тој им се заблагодари на сите пратенци кои гласа за и од власта и од опозицијата и на оние кои не гласа „против“, оти законот помина без ниту еден глас против, без разлика на различните ставови.
Груби истакна дека очекува опозициската ВМРО – ДПМНЕ, како еден од потписниците на Рамковниот договор кои денеска не присуствуваа на седницата, да го поддржи законот, бидејќи според него со овој закон ќе добие Македонија, општетсвото ќе добие кохезивност, ќе се релаксираат меѓуетничките односи и ќе се затворат многу теми кои произлегуваат од Рамковниот договор.
Доколку претседателот Иванов реши да не го потпише законот, тоа според Груби, би било против Рамковниот договор и против социјаланта кохезија во општеството во Македонија, и во тој случај законот ќе се врати во Парламенот каде што повторно ќе се изгласа.
- Видовте дека има солидно мнозинство за Законот за употребата на јазиците и ништо нема да биде спорно. Го повикувам претседателот Иванов да стане дел од успешната приказна на заокружување на Охридскиот рамковен договор и да го потпише Указот со што ќе даде придонес за постабилно општество, за еднакви граѓани, рече Груби.
Во однос на случувањата во Беса, тој се огради од коментар за како што вели, внатрешните турбуленции во ова партија и не смета дека средбата на премиерот Заев со Беса е со цел да прошири владината коалиција.
Тој смета дека пратениците од Беса, а исто и од Алијансата на Албанците и ДПА, како и од ВМРО-ДПМНЕ треба да ги поддржат реформските закони, без разлика дали се на власт или во опизиција, оти вели реформакта агедна не е агенда на Владата, туку агенда на државата. Целта е интеграција во ЕУ и НАТО, а тоа може да се постигне само со доборососедски односи и со реформската агенда. Ако тие и мислат добро на државата тие ќе ги поддржат рефосмките закони, рече Артан Груби.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога