Груби за Косово заминал со дипломатско возило непосредно пред полициската акција
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби непосредно пред полициската акција поврзана со проневера од над 8,2 милиони евра во Државната лотарија, заедно со стопанственик со дипломатско возило вчера ја напуштил земјава и заминал во Косово.
Бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција, како што дознава Телма од извори на истрагата, е Арсим Папранику, успешен бизнисмен во регионот.
Премиерот Христијан Мицкоски, синоќа во гостување во „Click Plus" откри дека Груби со дипломатско возило со еден стопанственик заминал за Косово.
-Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.
Во врска со истрагата за проневера во Државна лотарија, како што информираше вчера Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, осомниечни се повеќе лица, меѓу кои поранешен премиер и прв вицепремиер, поранешен генерален секретар и државни службеници.
-Постапено е по кривична пријава којашто на 13.12.2024 година од страна на Одделот за сузбивање на Организиран криминал и корупција, Сектор за криминалистички истраги и единица за корупција против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, едниот е поранешен вицепремиер, едниот е поранешен директор на едно правно лице и едниот е поранешен Генерален секретар, останатите се државни службеници, коишто работат во рамките на едно од правните лица. Во оваа фаза постои сомнение дека истите сториле повеќе кривични дела, коишто на крајот имаат доведено до поголема штета на буџетот на македонските граѓани, рече Тошковски.
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, одреди мерки за претпазливост против четири лица опфатени со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“. Лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.
Воедно, како што информираат од Кривичен, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање.
Мерките произлегуваат по истрагата на Обвинителството против две лица за проневера и четири лица за злоупотреба на службена положба. Доказите покажуваат дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во Државна лотарија, нанеле штета од 501.319.119 денари на друштвото преку незаконски набавки на видеолотариски терминали.
Првоосомничениот предложил набавка на терминали, иако знаел дека е незаконска, а второосомничениот ја поддржал набавката како вицепремиер. Терминалите никогаш не биле употребени.
Министерот за внатрешни работи, Тошковски не ги објави имињата, бидејќи овој случај е во рана фаза.
-Многу добро знае јавноста кои се тие две лица. Јас би упатил јавен повик, од еден од тие двајца кои во текот на вчерашниот ден кажа дека доброволно ќе се врати во Македонија, јас сакам да му верувам, кажа дека е чист како солза, пак сакам да му верувам, еве јавно упатувам да истиот се врати во Македонија, ако не е вратен, и да им овозможи на институциите соодветно да ја истераат оваа постапка, рече Тошковски.
Прашан за првиот вицепремиер, Артан Груби дека е надвор од државата, Тошковски со одговор дека лицето е излезено надвор од државата, а како што вели „сакам да ја информирам јавноста дека се сторени пропусти од страна на граничната полиција, се води истрага во моментов“.
Поранешниот вицепремиер Груби, кој неодамна беше ставен на „црната листа“ на САД поради наводи за значителна корупција, доцна синоќа на Фејсбук објави дека е надвор од земјава во приватна посета.
-Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување, напиша Груби во објавата.
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби според објави на повеќе медиуми веќе ангажирал адвокат кој ќе го застапува во предметот за кој е обвинет.
Стејт департментот на САД на 9 декември соопшти дека воведува санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.
Ново на Сител
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
-
УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите
-
По пауза од 17 години од март директна авиолинија Скопје - Амстердам
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Од март Во Скопје ќе се изнајмуваат електрични автомобили, во просек ќе биде од три до шест евра
-
ЦИП: Заврши геофизичкото скенирање на предисториски локалитети во Охридско-преспанскиот регион и во Пелагонија
-
Адвокатот на починатата родилка од Куманово: Како може здрава родилка која имала здрав плод, природно да почине?
-
Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор