Македонија
14. April 2016 - 15:05

Груевски до Заев: Ни јас, ни народот нема да ти дозволиме насилство, вандализам и конфликтност

Изминатите два дена гледаме изблици на агресија, насилство, вандализам, и нескриена намера за продлабочување на кризата и нов стадиум на конфликтност во Македонија од страна на претседателот на СДСМ, рече Никола Груевски во своето обраќање.
 
-Додека неговите луѓе организираат насилство кон полицијата, кон граѓаните и институциите, тој во јавноста како што сме навикнале да го гледаме, ладнокрвно како и во други прилики повикува на конструктивност. И така вчера го видовме овој човек кој е познат по тоа дека во две различни реченици  знае да каже две спротиставени работи, да повика на конструктивностцво првата реченица,  а веќе во втората онака спонтано и лефтерно да спомни дека на државата и следи украинско сценарио, што значи илјадници мртви и повредени, вртоглав пад на економијата и други последици. И ова ни го кажа лефтерно и со нескриен ентузијазам. И се тоа со една единствена цел, само да дојде на власт без подршка на мнозинството граѓани, рече Груевски.
 
“Сакам да му се обратам: додека стојам нема да ти го дозволам тоа. Ни јас, ни народот! И самиот си свесен дека народот сака да заврши кризата. Престани да ги организираш хулиганите да го реметат мирот на граѓаните. Собери еднаш храброст и излези да се соочиш  со народот на избори. Доста бараш изговори“, заклучи Груевски.