Груевски: Индустрискиот раст показател за исправните политики

Растот на индустриското производство во ноември од 11,1 процент претставува продолжување на стабилниот и континуиран раст што го имаме веќе подолг период, а беше краток период запрен поради политичката криза, оцени денеска премиерот Никола Груевски.
Растот, како што посочи, е показател дека има исправни политики во делот на поддршка на економијата и реформи кои даваат резултати.
- Веќе долг период имаме висок раст на индустриското производство. Имаше само прекин од неколку месеци во екот на политичката криза, но по нејзиното завршување продолжуваат високите стапки на раст. Токму растот на индустриското производство ветува дека ќе има зголемување на вработеноста и отворање нови работни места во земјава, како и зголемување на извозот, изјави Груевски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договори за грантови од вториот повик на Фондот за иновации.
Нагласи дека тоа значи и дека економијата е на вистинскиот пат и оти треба да се продолжи и продлабочи зацртаниот и трасиран пат на развој и поддршка.
Посочи дека стапката на раст на индустриското производство е солидна и на годишно ниво и изнесува 4,4 проценти.
- Тоа е солиден раст кој влијае на севкупниот раст на БДП кој во првите три квартали од годинава е 3,4 проценти. Очекуваме заклучно со четвртиот квартал, чии резултати ќе ги имаме во март или април, да имаме раст на БДП од 3,5 или можеби малку повеќе од планираните 3,5 проценти. Тоа е висок раст и еден од првите седум-осум во Европа, а индустриското производство е еден од сегментете кој дава значителен придонес за овој раст, потенцира Груевски.
Ново на Сител
-

ДЗС: Денеска ангажирани три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар
-

Реактивиран пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење
-

Прегазено 4 годишно дете на улица во Гостивар
-

Во текот на изминатиот викенд 34 лица приведени поради безобѕирно управување моторно возило
-

Над 70 лица минатата недела приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога
-

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на ГП „Богородица", во последните 24 часа
-

Топло до крајот на неделата, од четврток попладне локално дожд и грмежи
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
