Груевски: Изградбата на ТИРЗ одличен чекор за нови работни места
Изградбата на ТИРЗ се покажа како одличен чекор бидејќи дава резултати во однос на намалување на невработеноста со отворањето нови работни места во производните капацитети изградени во зоните и во однос на зголемување на вкупниот извоз од земјата. Токму поради добрите резултати се одлучивме и за изградба на три нови зони во Куманово, Липково и во Маврово-Ростуше, изјави денеска во Виница премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
- Во првите 11 месеци од годинава веќе имаме 26 проценти зголемен извоз во однос на истиот период минатата година. Вредноста на тој извоз е некаде околу милијарда и 340 милиони евра и тој има сериозно влијание на целокупниот извоз од Република Македонија. Тие се наш голем адут при привлекувањето странски инвеститори кога вршиме презентации и кога ги убедуваме. Тие тука гледаат дека навистина има исклучително поволни услови за правење бизнис. Тргнувајќи од тоа дека во моментов имаме четири оперативни зони значи целосно завршени каде што има и фабрики коишто работат и уште десет кои се во градба, а во некои од нив паралелно се гради и по некоја фабрика, се одлучивме уште три нови ТИРЗ да бидат започнати во текот на следната година. Одлуката ја донесовме на една од последните седници на Владата и станува збор за изградба на такви зони во Куманово, Липково и во општината Маворво - Ростуше затоа што цениме дека е потребно во овие региони да се изградат такви зони, да се зголеми вработеноста, да се привлечат повеќе компании, рече премиерот Груевски.
Тој додаде дека ќе претстојат подготвителни активности со што очекува во втората половина на следната година да се започнат активности за развој на овие три зони.
Ново на Сител
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила
-
Хрватите гласаат на претседателски избори
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
-
Состојба на патишта