Груевски: Изградивме музеи и споменици за нашите херои

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, во своето денешно обраќање истакна дека на хероите на Македонија им се посветени бројни музеи, споменици, булевари...
-Тоа е и нашата прослава денес овде на ова место, кое се наоѓа наспроти музејот на македонската револуционерна борба. Едно од симболичните гестови на оддолжувањето од оваа генерација, се градењето на спомениците на великаните на македонската историја, музеите, имињата на улиците, булеварите, плоштадите, населбите и мостовите, со нивните имиња, книгите и монографиите за нив, документарните филмови за нивните дела и страдања, ликовните дела и други симболични чекори, изјави премиерот.
Како што истакна тој, ова се симболични гестови со кои се заблагодаруваме на нашите предци кои се жртвуваа за својот народ.
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
