Груевски: Конкуренција со квалитет на новиот универзитет

Конкуренција по квалитет, а не по бројност ќе овозможи правниот факултет при универзитетот „Дамјан Груев“ за чие основање со предложеното законско решение во Собранието, расправа матичната собраниска Комисија. Тоа го оцени денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој за текот на расправата во Комисијата беше информиран од претседателката Олга Најденовска при посета на населени места во општина Гази Баба.
Има добра замисла, како што оцени, Универзитетот да конкурира со најдобрите во светот и за седум-осум години да влезе на некое повисоко место во листата на рангирање што ја прави Шангајскиот универзитет.
- Во делот на Правниот факултет замислата е да се формира факултет кој нема да апсорбира многу студенти, веројатно 50 до 60 годишно, што е далеку од она што е Правниот во Скопје, но ќе се ангажираат професори од други држави, од Америка, од Западна Европа, кои имаат објавено многу трудови во списанија со импакт фактор. Овој факултет треба да даде стимул и за останатите факултети да одат во тој правец, значи да имаме ситуација со поголем квалитет. Квантитативно не може да биде конкуренција затоа што се запишуваат по 800, 900, а во новиот ќе бидат 50 до 60. Нема причина за страв, а ќе има многу висок квалитет, рече Груевски.
Така ќе биде, укажа, и на Медицинскиот факултет каде наставата ќе се изведува на англиски јазик, со наши професори, но поголемиот дел ќе бидат врвни професори од најсилните универзитети кои ќе дојдат на месец два, ќе држат предавање и потоа ќе вршат он-лајн испити.
- Тоа е начин на кој се предава и оценува на врвни универзитети во светот и по други стандарди. Идејата е за десетина години тие факултети да продуцират многу поквалитетен кадар од тоа што е сега во Македонија. Не велам дека нашите професори се лоши, но сепак во светот има држави коишто се понапред, рече Груевски, посочувајќи дека кадрите што ќе излезат од новите факултети ќе бидат конкурентни на светскиот пазар.
Според него, на тие факултети ќе студираат студенти со најголем капацитет, а професорите што ќе им предаваат ќе ги воведат во сите можности за добивање грантови за наука која е реална и конкурентна на светско ниво, а не само во државава и регионот. Идејата е десет години да имаме такви врвни професори на помал број студенти, бидејќи ако направиме масовен нема да можат да постигнат квалитет, рече Груевски и дополни дека тие 500 студенти што за тој период би биле продуцирани ќе внесат квалитет во образованието во иднина.
Тој негира дека новите факултети ќе бидат место за партиски вработувања, затоа што, како што рече, најголем дел од професорите ќе бидат врвни професори од светот.
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
