Груевски: Македонија и македонскиот народ не заслужува одземање на препораката
Нема поединец во нашата земја кој искрено во себе не верува дека сме достигнале стандарди, кои се доволни за да ги почнеме тие преговори за членство, кои од своја страна пак ќе придонесат за уште поголема демократија, за уште поразвиено македонско стопанство, за уште повеќе можности и успеси. Нема поединец во Македонија кој не мисли дека сме заслужиле и предолго чекаме, дека статусот кво ситуацијата е само вртлог во кој тонеме и дека мора да одиме напред. Мора, порача македонскиот премиер во говорот по повод 23.10.
-Затоа барам во името на сите граѓани, и на оние кои гласале за мене и за оние кои не гласале и се против мојата политика, но знам дека стојат зад европската идеја во политиката, и за оние кои воопшто не гласале. Европа не може да оди напред ако не оди напред еден дел од нејзе, еден дел кој природно припаѓа во Европа, цивилизациски припаѓа во Европа и културолошки припаѓа во Европа. Многу работи поминавме, проголтавме, попуштивме, отстапивме, истуркавме, сработивме, заслуживме, ама заслуживме да ја добиеме не само препораката, туку и да ги почнеме финалните преговори за членството во ЕУ, и да бидеме примени во НАТО. Сега се гласни најавите за одземање на препораката. Се надевам дека тие што носат одлука за ова се свесни дека и тие ќе имаат свој дел од одговорноста ако после тоа работите тргнат во непосакуван правец. Ние се однесуваме одговорно, и ќе продолжиме одговорно да се однесуваме и во иднина, но губење на препораката, иако според сите истражувања народот нема да го доживее како нешто трагично посебно поради одговорот дека и досега сме добивале 6 препораки, но никогаш не сме почнале преговори и препораката е бесмисленост, ако нема почеток на преговори, но јас знам дека тоа не е така, порака Груевски.
Тој додаде дека тоа е важно за нашата земја и нашиот народ не заслужил тоа да му се направи.
-Обвинувањата потоа кој е виновен, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА или некој трет ќе бидат само почеток на нова неизвесност, во отсуство на еден сериозен кохезивен елемент. Обвинувањата потоа, дневно политички ќе бидат глупави и само ќе стимулираат омраза и гнев, рече премиерот.
Ново на Сител
-
Царинските службеници запленија техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки
-
Тројца тинејџери биле приведени вчера откако кај нив полицијата пронашла марихуана
-
Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори
-
Осум лица аплицираат за две места во ДИК
-
Муцунски: Подготвена нацрт - верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста
-
Струмичанка тешко повредена во сообраќајка
-
СЗО ќе евакуира околу 1.000 жени и деца од Појасот Газа во болници низ Европа
-
Ибраимовски: Скршено е стакло, фрлена неактивирана бомба, нема повредени