Груевски: Македонија мора да оди напред и ние заедно со народот ќе се избориме за тоа
Договорот од Пржино опфаќа и времено повлекување на премиерот на 100 дена пред изборите. Навршуваат 100-те дена пред 24 ти април, денот за кој е договорено да се одржат избори и тоа е влезено во закон, а јас стојам и зад тој дел од договорот.
Ова го порача премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање за јавноста.
- Сакам конечно да се остави сета неизвесност, проблеми, конфликтност зад нас и сакам нашата држава да оди напред и да продолжи силно да се развива. Утре изутрина до претседателот на Собранието на Република Македонија ќе го испратам моето писмо со оставка на функцијата Претседател на Владата, која ќе биде ефективна на 100 дена пред официјалниот датум на избори, рече Груевски.
Времената оставка,нагласи, ја покажува силата на нашето убедување и верба во демократијата.
- Најдобрата победа над оваа валкана кампања против Македонија водена преку најразлични методи изминатава година и пол се чисти избори кои нема да дадат никаков изговор никому. Такви беа изборите со кои освоивме огромна победа, огромна ќе биде победата заедно со вас и на следните избори, но овојпат одиме со вакви потези и чекор понатаму убедени дека ова што го правиме е за доброто на државата и на народот. Македонија мора да оди напред и ние заедно со народот ќе се избориме за тоа, потенцира Груевски.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија