Груевски: Нашата одговорност е да му служиме на народот

Делото на Свети Климент не упатува кон врвните етички вредности и принципи. Да имаме личен и професионален интегритет. Да бидеме одговорни, бидејќи секое стекнато право подразбира и одговорност. Нашата одговорност е да му служиме на народот на најдобар можен начин како што знаеме и умееме и одговорно да се однесуваме кон заедничките интереси. До последниот атом од нашата сила и до крајни граници од нашите можности....И тогаш кога мислиме дека сме дале се од себе, да се сетиме на него и да ја преиспитаме нашата мисла.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање на свечената академија во Музејот на македонската борба за државност и самостојност по повод утрешниот државно-црковен празник Свети Климент Охридски.
- Да се угледаме на трудољубивоста, посветеноста кон извршување на задачите и волјата за подвиг која ја имал во себе. Да помислиме на нашите ветувања и неговите очекувања. Како што кажав минатата година, Св. Климент не учи дека „Се што е вредно за паметење, никогаш не било лесно за остварување!“ Овие пораки и вредносната димензија на овој празник ни дава добар пример како треба да се однесуваме ние политичарите во нашите меѓусебни релации и во релациите кои ги имаме со народот, нагласи Груевски.
Во политиката, како и во секоја друга професија, додаде, мора да има морал, принципи и вредности. Политиката не е изолирана работа, туку таа е поврзана со сите други работи, и мора да биде пример за коректно однесување и постапување.
Ново на Сител
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
-

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори
