Груевски: Ние не ги делиме луѓето, пензиите, платите и субвенциите се за сите
Изјавите на Зев дека сме националисти се неосновани. Платите и пензиите се покачени за сите, а субвенциите и мерките за подобар живот важат за секого, истакна меѓу другото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и носител на листа во ИЕ 4, во своето обраќање од митингот во Валандово.
-Не ги делевме луѓето дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи… затоа што за нас сите се исти. Изјавите на Заев дека сме националисти се без основа, затоа што покажавме дека на сите ги покачувавме пензиите, на сите ги покачувавме платите, на сите им дававме субвенции, никого не делевме и никого не прашувавме што е по етничка заедница. На сите помагавме, кога имаше поплави одевме и во штипско и во Шипковица и во Новаци и во Речица. Приказната за националисти не држи вода. Оваа коалиција се бори за сите граѓани. Ако некогаш предупредиш за тоа што може да и се случи на државата, тоа не значи дека си националист, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива