Груевски се сретна со претставници на делегацијата од ОБСЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата Никола Попоски, Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев остварија средба со високи претставници на делегацијата од ОБСЕ.
На средбата, соопштија од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, беа презентирани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелната состојба и предизвиците со кој се соочува државата.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ било осудено непочитувањето на Уставот, законите и деловникот на Собранието од страна на СДС и нивните коалициони партнери. Било истакнато дека преседанот со незаконскиот избор на Талат Џафери, надвор од сите пропишани процедури води кон други преседани што ќе значат суспендирање на правниот систем. Таквото затруено дрво ќе роди затруени плодови, и уште поголема нестабилност и продлабочување на политичката криза, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ било истакното дека потребно е гласање за претседател на Собрание целосно почитувајќи ги процедурите пропишани со законските и уставни норми. Нивното прекршување ќе повлекува кривична одговорност за сторителите на незаконскиот акт. ВМРО-ДПМНЕ, се посочува, ќе продолжи да дејствува согласно интересите на граѓаните и Република Македонија.
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
