Македонија
4. December 2016 - 19:45

Груевски: Уште 7 дена и државата си ја враќа сета своја самостојност и сувереност

Уште само 7 дена до големата победа, која ја очекуваме и која доаѓа, големата историска победа. Победа која ќе биде голема не само според резултатот, туку и заради противникот и неговите планови.   Уште 7 дена и државата си ја враќа сета своја самостојност и сувереност и народот ќе покаже на сите кој е и во што верува, вака го започна обраќањето лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“ на митингот во Радовиш.

-Две и пол години политичка криза која ја  создадоа вештачки заради некои фантоми кои испаднаа дека не постојат. Две и пол години обиди за закрвување на народот и поделби, конфликтност  која се пренесуваше секаде низ државата. Кризата полека се движи кон својот крај. Но нејзиниот крај ќе биде убедлив само ако имаме 63 пратеници и ќе се стави крајот на мрачни сценарија за нашата држава, истакна Груевски.

Тој посочи дека сценаристите кои ја смислија кризата не можат да се помират затоа што нивниот план не успева иако постојано се прават обиди за продолжување на кризата.

-Смислуваа заедничка коалиција, смислуваа анкети и деновите одминуваат, а доаѓа денот на големата победата на македонскиот народ , на Македонците, Албанците, Србите, Бошњаците ….на сите граѓани на Р. Македонија. Лажеа 2 милини луѓе дека има фантомски гласачи. Последната надеж им е во разни лаги и ветување на се и сешто, ветувања извадени од ракав, без размислување што потоа кога нема да може да се исполни тоа. Ветуваат враќање на ДДВ, ама народот пресмета. Зошто си погруваат со нашиот народ?  Си поигруваат со судбините и емоциите на посиромашните граѓани и го потценуваат  капацитетот на сопствениот народ, истиот оној народ од кој бараат да дојдат на власт, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека Заев шири многу лаги и како примери ги посочи  носењето на странски инвестиции, покачување на просечната плата и враќањето на ДДВ.

-Приказната дека ќе донеле многу инвестиции, ќе ги врателе луѓето во Македонија бидејќи Заев ќе донел толку инвестиции што нема да има работници во Македонија. Ај да беше нов во политиката ќе му веруваа, но Заев 11 години е во политиката. Во тие 11 и пол години не донесе ниту една крупна инвестиција во својата општина. Па тој не може во Струмица да донесе, па камоли во Куманово, Штип и другите места. Подобро ќе поминеше ако одеше чесно и ако кажеше нешто реално, истакна Груевски.

Посочи дека само на начинот на кој работи ВМРО-ДПМНЕ просечната плата ќе расте.

-Ние имаме сериозно зголемување на платата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не дојде со декрет или закон туку благодарение на инвестициите. Тоа го знаат сите. Ако не донесовме инвеститори, ако не ја подобревме бизнис климата, ќе си останевме на 11.000 денари  просечна плата. Но некој работеше и ја промени во добар правец, донесе инвеститори, се намалија даноците, се охрабрија домашните сопственици и така растеше просечната плата. Само на начинот на ко ние  работевме расте просечната плата, рече Груевски.