Груевски: Закони важат подеднакво и за странските и за домашните инвеститори

Погрешна е тезата дека им помагаме повеќе на странските инвеститори отколку на домашните. Сите закони што ги носи Владата важат подеднакво и за странските и за домашните инвеститори, изјави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на индустриската зона во општина Василево.
- Тоа е лажна теза на социјалдемократите дека повеќе внимание обрнуваме на странските инвеститори, отколку на домашните. Тоа го прават затоа што нема што да кажат бидејќи во нивно време ниту странски компании доаѓаа, ниту пак домашните имаа некаков прогрес, истакна Груевски.
Она што ние го правиме, како што рече, е сите закони кои ги носиме важат подеднакво како за странските, така и за домашните инвеститори.
- Цела помош и поддршката што ја даваме важи за сите. Ако нам ни дојде некој домашен инвеститор и сака да отвори фабрика, на пример со илјада вработувања, и побара помош, ние секако дека ќе му излеземе во пресрет. Камо среќа да има пет-шест или повеќе домашни инвеститори коишто ќе дојдат со проект и со заокружена финансиска конструкција и ќе побараат поддршка од Владата во државна помош за отворање нови фабрики што ќе отворат нови 5-6 илјади работни места ние сигурно ќе ги поддржиме, нагласи премиерот.
Според него, не постои разлика во поддршката што им се дава на странските и на домашните инвеститори. - Постои само разлика во две времиња – време кога беше СДСМ, кога немаше странски инвеститори, освен ако се продадеше некој монопол и време на ВМРО-ДПМНЕ кога доаѓаат многу странски инвеститори и кога и домашните имаат свој напредок и заради нивно поврзување со странските инвеститори и заради подобрата бизнис клима, рече премиерот Груевски.
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
-

Родители бараат регионални стоматолошки центри за деца со попреченост
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
