Група Унгарци ставени во карантин на брод во Мексико

Помеѓу 30 и 40 унгарски државјани се ставени во карантин на туристички брод во Мексико под сомнение дека се носители на коронавирус, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на денешната прес-конференција.
Унгарските власти се во директен контакт со две семејства, кои се задржани во Мексико.
Сијарто изјави дека двајца патници на туристички брод пријавиле симптоми на грип, но утврдено е дека не станува збор за коронавирус.
Околу 6.000 патници се качиле на мексиканскиот брод „Мерави`а“, а медицинскиот персонал спроведува тестови за Ковид-19, рече министерот Сијарто.
Во моментов, 12 Унгарци се во карантин во пет различни земји, а кај еден е откриено присуство на новиот коронавирус. Петмина унгарски државјани се задржани во Шпанија, тројца во Јапонија, двајца во Кина и по еден во Италија и Германија.
Ново на Сител
-

Политички препукувања за скандалот со водата за пиење во Гостивар
-

Претседателката на Индија Мурму во посета на Македонија
-

Силно невреме го погоди Делчево
-

Тензии поради Законот за високо образование
-

Од денеска поскапи горива
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
