-->
-->
Групите за Лигата на нациите на 24.01 во Лозана
-->
УЕФА уште еднаш потврди дека Лигата на нациите ќе започне од наредната година ви ќе го закажа извлекувањето на групите за 24 јануари во Лозана.
Откако одлуката мина на Конгресот на УЕФА, и го испочитува рокот за разгледување и евентуални сугестии од федерациите УЕФА го потврди форматот и ќе учествуваат 55 репрезентации од Европа, поделени согласно коефициентот на УЕФА:
Во групата А ќе се најдат 12 репрезентации, поделени во четири подгрупи од по три селекции.
Во групата Б ќе се најдат 12 репрезентации, поделени во четири подгрупи од по три селекции.
Во групата Ц ќе се најдат 15 репрезентации, поделени во една подгрупа од три селекции и три подгрупи со по четири селекции.
Во групата Д ќе се најдат 16 репрезентации, поделени во четири подгрупи од по четири селекции.
Четирите победници од секоја подгрупа потоа ќе се натпреваруваат на завршен „фајналфор“ турнир што ќе се одржи во јуни 2019, по теркот на фајналфор натпреварувањата во кошарка и во ракомет. Победниците од четирите фајналфор турнири (од групите А, Б, Ц и Д) обезбедуваат директно учество на ЕП 2020.
Официјалниот изглед на групите ќе бидат познат по завршувањето на октомвриските квалификациски натпревари, но веќе е јасно дека Македонија ќе биде дел од групата Д. Ривали на нашиот национален тим ќе бидат селекции како Литванија, Грузија, Ерменија, Белорусија, Луксембург, Молдавија, Казахстан, Косово, Сан Марино… па јасно е дека нашите фудбалери ќе имаат реални шанси барем за првото место во својата група, со што би се избориле за пласман на фајналфор натпреварување и битка за учество на едно Европско Првенство
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен жител на Чегране баран со потерница
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
Приведен дилер во Скопје
-
ЦУК: Вкупно 1.568 повици на 112, 61.29 отсто од нив категоризирани како реални
-
Ден на Македонската револуционерна борба , 23 Октомври, неработен за сите граѓани
-
Харис: Трамп ја згрозува функцијата американски претседател
-
Во САД почина дисидентот Фетулах Ѓулен, кој во Анкара беше обвинет за неуспешниот пуч од 2016 година
-
Неделен извештај: Водата за пиење во Скопје ги исполнува барањата за безбедност и квалитет