Губењето пристап до најдоверливи документи може да му ја отежне работата како преговарач на Кушнер
Откако Џаред Кушнер, зет и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, го загуби пристапот до највисокото ниво на доверливи информации класифицирани како „строго доверливо“, неговата работа како дипломатски посредник може да биде отежната, коментираат американските медиуми.
Кушнер и уште неколку вработени во Белата куќа неделава биле информирани дека нивниот пристап до доверливи информации бил намален од „строго доверливо“ на „доверливо“ ниво што може да се покаже како голем проблем во неговата улога на претствник на администрацијата за мировниот процес на Блискиот Исток.
Други преговарачи, кои се занимавале со проблемот, изјавиле дека пристапот до строго доверливи документи е од исклучителна важност. Еден од нив ја поистоветува состојбата на Кушнер со „борба со една рака врзана на грбот“.Друг го окарактеризира како „летање на слепо“.
Белата куќа истакна дека Кушнер нема да ја загуби функцијата.
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје