Гугинов прв во Европскиот кајак куп 2025

Со последниот Европски куп кој денес официјално заврши во Велика Британија во градот Хланголен Велс на реката Ривер Ди, заврши и една од најуспешните сезони за македонскиот кајак спуст на диви води во спринт.
Во генерален пласман на Европскиот куп 2025, Благој Гугинов македонскиот репрезентативец и член на Арка-Борец, со рекордни 469 поени е нов Европски шампион во јуниорска конкуренција.
Александар Златаров е во Топ 3 во Европа, и сезоната ја заврши 3. место во генералниот пласман во категоријата К1 Men Senior, освојувајќи вкупно 405 поени, додека Љубомир Спасиќ е на 4. место во Европа со вкупно 366 поени во генералниот пласман за истата категорија.
Македонските репрезентативци денес не настапија на натпреварите од последниот куп во Велика Британија.
-Благој Гугинов е апсолутниот победник на Европскиот Куп 2025 во K1 Men Junior, освојувајќи неверојатни 469 поени и доминантно прво место во Европа. Тој е македонска гордост кој стана Европски шамион во јуниорска конкуренција, изјави искусниот Љубомир Спасиќ.
Гугинов имаше извонредни настапи низ целата сезона: Фулда – 95 поени, Велес – 95 поени, Аугсбург – 100 поени, Чешка – 88 поени, Дикирх – 91 поен.
МИА
Ново на Сител
-

Гаши на потег, ДУИ и Вреди во нов судир за законот за правична застапеност
-

Уапсен 19-годишен Македонец осомничен за обид за убиство во Будва
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Акутната фаза на епидемијата е во смирување
-

Пет пациенти на Инфективна клиника со западно-нилска треска
-

Мицкоски: Следната недела очекувам големо намалување на цените на бензините
-

Градежни активности на нов стадион, инфраструктурни проекти и патна инфраструктура во Општина Илинден
-

Оризопроизводителите бараат слободен увоз на препарати
