Македонија
30. August 2026 - 11:28

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус

Двокатен автобус се запалил на видиковецот на Водно. Информацијата ја потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Нема информации за евентуално повредени лица.

- Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП, скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат, засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација, информираше Ангелов.