Гутереш ужаснат од бомбашкиот напад на украинско училиште
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е „ужаснат” од бомбардирањето на училиште во источна Украина во кое настрадале 60 луѓе, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, и побара цивилите да бидат поштедени, изјави неговиот портпарол.
„Генералниот секретар е ужаснат од нападот на училиштето во Билогоривка во Украина, на 7 мај, каде што многу луѓе се чини дека побарале засолниште од тековните борби”, рече портпаролот на генералниот секретар Стефан Дизарик во соопштение.
Гутереш повтори дека цивилите и цивилната инфраструктура секогаш треба да бидат поштедени за време на војната, додавајќи дека нападот повторно потсетува дека во „оваа војна, како и во многу други конфликти, цивилите ја плаќаат највисоката цена”.
– По бомбашкиот напад на училиште во селото Билогоривка во областа Луганск во источна Украина во саботата, како исчезнати се водат 60 лица кои се засолниле таму, изјави вчера регионалниот гувернер Сергеј Гајдај.
Украинскиот претседател Зеленски рече дека во тоа училиште настрадале 60 лица.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
