-->
-->
Гвардиола: Далеку сме од титулата?!
-->

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, признава дека нeговиот тим по дебаклот од Евертон е далеку од освојување на шампионската титула. Шпанецот рекол дека Челзи е блиску до шампионска промоција.
Манчестер Сити во недела го доживеа најубедливиот пораз на „Гудисон Парк“ во последните девет години, Евертон победи 4:0, а Гвардиола не крие дека никогаш во кариерата не се наоѓал во вака тешка ситуација.
„Челзи има голема предност, десет бодови се многу. Второпласираниот ни бега за три бода и тоа е достижна разлика. Создаваме шанси, но имаме проблeм со реализацијата“, рекол Гвардиола за Sky Sport.
Шпанецот истакнал дека никогаш во претходните тимови немал проблеми во одбраната, а сега се соочува со деликатни проблеми бидејќи Сити на 21 натпревар во Премиерлигата прими 26 голови.
„Слични проблеми сум имал, но не толку деликатни. Кога во осум години ќе освоите седум трофеи се навикнувате да победувате. Морам да го најдам вистинското решение, моите играчи повтoрно да почнат да победуваат. Среќен сум во Сити, но прв пат во кариерата примам многу голови“, дополнил Гвардиола.
Манчестер Сити е петтопласиран во Премиерлигата, а во наредното коло во дербито ќе го пречека второпласираниот Тотенхем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
-

Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана
-

Променливо облачно со засилен ветер кој на места ќе надминува 60 км/h
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
