Гватемала ги прекинува дипломатските односи со Венецуела
Новиот претседател на Гватемала, Алехандро Џаматеи синоќа изјави дека ги прекинува дипломатските односи со владата на Венецуела, предводена од Николас Мадуро и оти ќе ја затвори Амбасадата во Каракас.
– Го известивме министерот за надворешни работи дека дефинитивно ги прекинуваме односите со Владата на Венецуела и оти единственото лице во Амбасадата во Каракас треба да се врати во земјата, посочи Џаматеи.
Тој ја презеде функцијата претседател на Гватемала во вторникот и најави прекин на односите со Венецуела.
По таквата одлука шефот на венецуелската дипломатија Хорхе Ареца изјави дека Гватемала „и се потчинува“ на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Неговата Влада сигурно ќе биде уште една невкусна шега, што ќе биде заборавена, напиша Ареца на Твитер.
Гватемала е активна членка на Лима групата, во која членуваат десетина држави од Јужна Америка и Канада, а формирана е во 2017 година за изнаоѓање на решение за кризата во Венецуела. Лима групата за легитимен претставник на Венецуела го признава Хуан Гуаидо.
Ново на Сител
-
Тепачка, димни бомби, Брза помош - Хаос во српското Собрание | ВИДЕО
-
МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша
-
Кривична за директор на основно училиште во Делчево
-
48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“
-
На полицаец во Крушево му го украле пиштолот
-
Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година
-
Му се слошило додека работел, 31 годишен Косовец почина во Гостивар
-
Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан