Хакиран сајтот „Ешли Медисон“ - во паника 37 милиони прељубници

Сајтот Ешлли Медисон, специјализиран за „дискретно прељубништво“ е хакиран и можно е да се компромитирани податоци на повеќе од 37 милиони негови корисници, објави Тајм.
Контроверзниот сајт чие мото е Животот е краток, имајте афера, е еден од најпознатите онлајн сервиси за „интимни контакти“, но за разлика од конкуренцијата наменет е за луѓе кои се веќе во врска или во брак.
Компанијата Авид лајф медиа, сопственик на сајтот соопшти дека случајот е пријавен во полиција и оти сите страни одговорни за тој „чин на кибер тероризам ќе одговараат пред законот“.
Одговорност за нападот презеде групата Импакт тим која наведе дека „нечистите прељубници“ заслужуваат имињата да им бидат јавно објавени. Хакерите побараа да се забрани работата на сајтот како и на друг сајт од истата компанија Естаблишд мен кој се занимава со „спојување“ успешни мажи со „млади и убави девојки“.
Сајтот Ешли Медисон е основан во 2001 година и има 124 милиони посети на месечно ниво.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
