-->
-->
Хамилтон прв од стартот до целта на трката во Монца
-->
Луис Хамилтон и Валтери Ботас остварија „еден-два“ победа за тимот на Мерцедес на денешната 13-тата трка во Формула 1 шампионатот која ќе се возеше за Големата награда на Италија.
Британецот, Хамилтон ја искористи пол-позицијата и во текот на целата трка, која се возеше на патеката во Монца, не го препушти првото место.
Зад Хамилтон трката ја заврши неговиот тимски колега Валтери Ботас, а место на пиедесталот имаше и за Себастијан Фетел од Ферари иако трката ја започна од осмата стартна позиција.
Со оваа победа, шеста сезонава, сега Хамилтоn го превзеде лидерското место во Генералниот пласман со 238 поени, три повеќе од Себастијан Фетел (235 поени).
По нив следуваат: Валтери Ботас со 197, Даниел Рикјардо 144 и Кими Раиконен 138 бодови.
Следна 14-та трка во Формула 1 шампионатот е закажана за 17 септември, а ќе се вози на патаката „Марина Беј“ за Големата награда на Сингапур.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата