Хан: Имате рандеву со историјата, затоа нема време за губење
Ајде да се зафатиме со работа, имате рандеву со историјата. Затоа нема време за губење. Ние сме само на почетокот од едно долго патување, порача денеска еврокомесарот Јоханес Хан обраќајќи се на седницата на Националниот совет за евроинтеграции.
- Важно е да демонстрирате инклузивност и дека се работи на стратешките приоритети на земјата. Имате единствена можност да се обединат сите различни сили во општеството и да се направи разлика на подобро. Пред нас се голем број предизвици затоа ве охрабрувам да бидете концентрирани и обединети, порача Хан.
Тој нагласи дека во однос на реформите кон ЕУ приоритет треба да се даде на клучните области идентификувани од страна на Европскиот совет, а Европската комисија ќе продолжи да и помага во овој процес на земјата кој ги опфаќа реформи во правосудството, борба против корупцијата и организираниот криминал, реформата на безбедносните и разузнавачките структури и реформата на јавната администрација. Укажа дека предвидениот референдум ќе биде важен за иднината на земјата и ги повика сите граѓани особено младите да го остварат демократското право оти како што посочи секој глас е битен
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот