Хан: На есен ќе се одлучува за последиците во Турција
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави денеска дека, и покрај актуелната тешка ситуација во Турција, не треба да се донесуваат избрзани решенија, додавајќи дека, по извештајот за напредок, на есен, треба да се донесат одлуки за последиците.
Тој во интервју за виенскиот весник „Стандард“ нагласи дека воведувањето на смртна казна ќе претставува „нокаут критериум“ за пристапните преговори со Турција.
Хан истакна дека не смее да се игнорира разградувањето на владеењето на правото, додавајќи дека моментно постојат повеќе најави.
- Мора да гледаме како ќе се материјализираат работите, порача еврокомесарот.
Според него е добро што ОБСЕ планира да го набљудува судењето против осомничените за обидот за воен преврат, истакнувајќи дека тоа би било добар сигнал доколку се согласи Турција.
Истовремено смета дека не е препорачливо да се прекине финансиската помош за договорот за мигрантите меѓу ЕУ и Турција.
Хан нагласи дека избрзаните европски одлуки против авторитарниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган би можеле лошо да влијаат на мигрантите и турските невладини организации.
Тој изјави дека Турција не е само Ердоган, туку неа ја сочинуваат 80 милиони луѓе, од кои многумина имаат надеж во ЕУ.
Ново на Сител
-
Следната година нов закон за студентски стандард
-
Меџити во посета на депонијата Дрисла
-
Вработените во „Царинскиот терминал“ денеска излегоа на предупредувачки штрајк
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?