Хан: Опозицијата во Косово да се обедини околу европската платформа

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој денеска престојува во Приштина ги повика лидерите на косовската опозиција да се обединат околу европската платформа на Косово, бидејќи, како што рече, тоа е во национален интерес на граѓаните, кои живеат во Косово.
Хан на прес-конференција по разговорот со косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека прашањето за разграничување со Црна Гора треба да биде што е можно поскоро решено во корист на, како што рече, двете европски земји.
- Вашата цел треба да биде членство во ЕУ и затоа морате да преземате важни одлуи за да го постигнете тој успех, рече Хан.
- Би сакал да ги повикам лидерите на опозицијата да се обединат околу таа европска платформа. Таа би требала да го опфати и цивилното општество за европска интеграција, рече Хан.
Тој меѓутоа укажа дека политиката треба да се елиминира од правосудниот систем, бидејќи воспоставувањето на владеењето на правото е дел од мапата на патот.
Осврнувајќи се на неодамна парафираната Спогодба за стабилизација и асоцијација меѓу Косово и ЕУ, Хан изјави дека тој договор е историски и оти ќе ги зацврсти односите меѓу Брисел и Приштина.
- ССА е договор кој го поврзува Косово со ЕУ. Мошне е важно да имаме договор, бидејќи тоа создава економски развој, рече еврокомесарот и додаде дека таа спогодба отвара економски перспективи и нови работни места.
Од Приштина, Хан попладнево ќе замине за Белград, каде ќе се сретне со српсиот премиер Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
