Хан: Решение за името ќе биде пресврт за пристапниот процес на Македонија во ЕУ

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на својот твитер профил порача дека ЕУ е охрабена од последната рунда преговори помеѓу Скопје и Атина за спорот за името.
Хан, кој присуствуваше на неформалниот појадок организиран од Бугарија и Австрија со министерот Никола Димитров и европските министри за надворешни работи утрово во Брисел, на својот Твитер профил порача дека состанок бил „плоден“ и дека сите упатиле поддршка за преговарачкиот процес.
- Консензусот е дека решение за името ќе биде пресврт за следните чекори во пристапниот процес за Македонија, напиша Хан.
Дипломатски извори за МИА откриваат детали од средбата утрово. Министерот Димитров ја отворил со воведен говор за напредокот на преговорите со Грција каде ги упатил истите пораки како и оние во јавноста: дека е постигната рамка за решение и дека експертски групи во двете земји го чешлаат текстот во Атина денеска. Ги брифирал и за текот на реформите кои ги бара ЕУ. Тој на министрите им порачал дека ова се „историски моменти за мојата држава“.
- Кога започнавме имавме значителни разлики, но како што напредуваме во процесот имам впечаток дека сѐ повеќе сме на иста страна, изјавил Димитров.
Министерот потоа настапил со список на реформи и напори кои ги направила Македонија во последните години од судските реформи, борбата против корупцијата, дијалогот со опозицијата, ослободувањето на медиумската сфера, како и подобрувањето на добрососедските односи.
Тој од земјите членки побарал да и помогнат на Македонија со тоа што ќе и дадат старт на преговори.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
