Хант: ЕК да ја преиспита одлуката за блокада на извоз на вакцини во Австралија

Официјална Канбера побара од Европска Комисија да ја преиспита одлуката со која е блокиран извозот на вакцини против Ковид-19 на АстраЗенека во Австралија.
ЕК и Италија вчера ја блокираа испораката на околу 250.000 дози вакцина на АстраЗенека на Австралија откако производителот не ги исполни обврските од договорот со ЕУ.
– Австралија го покрена прашањето со ЕК преку неколку канали и посебно побара да се преиспита одлуката, изјави австралискиот министер за здравство Грег Хант.
Тој додаде дека Австралија веќе добила 300.000 дози вакцини на АстраЗенека и оти не е загрозен процесот на имунизација. Во Австралија пред две недели почна вакцинацијата на медицинските работници и повозрасните граѓани со вакцината на Фајзер/БиоНтек.
Претходно, АстраЗенека побара дозвола од италијанските власти за извоз на 250.000 дози од фабриката Анагни во близина на Рим, но италијанската Влада одби да издаде дозвола, а ја поддржа ЕК.
Европска Унија првпат ја користи можноста за забрана на извоз на вакцини против Ковид-19.
Унијата во јануари воспостави регистар за следење на извозот на вакцини во рамки на меѓусебниот спор со британско-шведскиот производител, со цел да се следи дали компанијата ги исполнува своите договорни обврски кон ЕУ.
Тој механизам им дозволува на властите во одделни земји-членки на Унијата, во консултација со ЕК, да блокираат извоз кон локација надвор од ЕУ доколку блокот смета дека производителот не ги исполнува обврските кон него.
АстраЗенека се уште не ги испорачала во ЕУ ветените дози на вакцини, а предвидените испораки од 80 милиони двојно ги намалила на 40 милиони дози, со образложение дека се соочува со проблеми во производството.
Поради сомнеж дека вакцините произведени во ЕУ им се продаваат на земји надвор од Унијата, воспоставен е регистар за следење на извозот на вакцини.
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленковиќ во Охрид, ќе бидат потпишани договори за стратешка соработка
-

Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници
-

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЦУК и УХМР
-

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ
-

Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
