-->
-->
Харадинај: Царината ќе важи сè додека Србија не го признае Косово
-->
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека царината на српската стока не би требало да биде укината сè додека Србија не го признае Косово како независна и суверена држава, пренесе Радио Телевизија Косово.
Харадинај на седница во Парламентот оценил дека надворешната политика која ја води Косово има свои недостатоци и дека има простор за критика. Тој оценил дека во изминатите 10 години, прилагодувањето на околностите не било доволно затоа што ништо не се сменило.
„Мислам дека мерките кои се воведуваат на производите од Србија ќе траат до признавање, односно додека Србија не го признае Косово како независна и суверена држава“, рекол Харадинај.
Тој додал дека никој не ја открил Америка, но смета дека без таквиот пристап не е можно да се постигне меѓународен договор односно правно обврзувачки договор за меѓусебно признавање.
Косовската Влада воведе нова царина од 100 отсто на производите од Босна и Херцеговина и Србија, а целта, како што велат е, зајакнување на домашното производство, економијата и косовската државност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево