Харадинај: Дијалог со Белград може да има само ако Србија го признае Косово
Со учество во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Косово ја задржува подредената и сервилна позиција кон Србија, изјави лидерот на косовската опозициска партија Алијанса за иднината на Косово Рамуш Харадинај.
Тој истакна дека е против продолжување на дијалогот се додека Србија не го признае Косово, и додаде дека во неговата земја не недостасуваат луѓе кои се подготвени да се спротивстават на преговорите со Белград, пренесува БТА.
- Само едно прашање е отворено за дискусија со Србија - да го признае Косово. Ако Србија е подготвена да го прифати, тогаш можеме да седнеме на маса за преговори. Ако не, треба да чекаме, нагласи Харадинај.
Косовскиот опозициски лидер, кој беше уапсен во Франција на 4 јануари по наредба издадена од Србија, наведе дека неговото апсење е злоупотреба на правосудството.
Србија го обвини Харадинај за воени злосторства за време на конфликтот во Косово од 1998 до 1999 година, и покрај тоа што тој беше суден и ослободен во Меѓунаридниот тибунал во Хаг.
Косово објави независност од Србија во 2008 година, што Белград не ја признава.
Белград и Приштина водат дијалог за нормализирање на односите со посредништво на ЕУ.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица