Живот
21. January 2020 - 14:34

Хари доби уште една забрана, поради што ќе му биде многу тешко

Со повлекувањето од примарните кралски функции, принцот Хари, свесно или несвесно се повлече од уште многу други нешта, функции и привилегии кои дотогаш ги имаше.
 
Најпрво тој ја изгуби титулата „негово кралско височество“, воените титули и голем број јавни повластици, а сега ја губи и кралската воена униформа.
 
Според правилата, сите кои ја напуштаат таа функција можат да ги носат ордените и чиновите, но не и самата униформа. Тој двапати беше дел од две воени мисии во Авганистан, а меѓу соборците е познат како „капетан Велс“.
 
Следен пат кога ќе биде на некој настан поврзан со војската, принцот Хари ќе мора да биде облечен во цивилна облека, бидејќи веќе не е дел од ниту една воедна единица, изјавил лорд Вест од Спитхед, кој бил на чело на британската морнарица.
 
Наводно, кралицата сакала да ја одземе и титулата војвода од Сасекс и да го назначи за гроф од Дамбартон, но принцот Чарлс се спротивставил, па Хари и Меган ја задржале само таа титула.