-->
-->
Хари Мата Хари го разбесни Балканот - по изјавите за Тома Здравковиќ
-->
Популарниот пејач Хари Мата Хари наводно го оспорува музичкиот квалитет на покојниот Тома Здравковиќ и со тоа го шокираше регионот. Меѓутоа, тој одлучи да открие што стои позади тие изјави. Имено, поедини медиуми објавиле наводни изјави на Хари Мата Хари и предизвикале бурни реакции во јавноста.
- Тома Здравковиќ не пееше добро, но имаше најдобри песни на сите времиња. Важно е што и како. Најважно е да се најде идентитет. Да се остави печат, наводно ова го рекол Хари.
Меѓутоа, пејачот, како што вели е шокиран поради лажните изјави, тој вели дека неговото мислње за покојниот пејач е сосема поинакво.
- Навистина луѓето си даваат за право да пишат тоа што ќе им падне на памет, никогаш не сум дал изјава за легендарниот Тома Здравковиќ а најмалку дека сум изјавил дека не бил квалитетен пејач. Сите растевме, сакавме, раскинувавме, тагувавме со неговите песни, беше добар пејач, одличен вокал, на многумина им остави аманет што и ден денеска учат од него и ако на жалост не е со нас.Овој пат сакам да ставам точка на сите натписи во врска со спорниот текст бидејќи јас сум почитувач на ликот и делото на Тома Здравковиќ, рекол Хари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
-

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
-

28 сигнални пиштоли пронајдени при претрес на 63-годишен кумановец
-

Кај 25-годишник од струмичко пронајдена тегла и кеса со марихуана
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески
-

Во недела започнува зимското сметање на времето - Часовниците се враќаат еден час наназад
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
-

Собранието и МАНУ со договор за уредување на меѓусебните односи
