-->
-->
Харири пристигна во Париз
-->

Либанскиот премиер Саад Харири, кој пред две недели поднесе оставка од функцијата за време на посетата на Саудиска Арабија, утрово допатува во Париз.
Тој во неговиот дом во Париз пристигнал заедно со неговата сопруга Ларе ал-Азм.
Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека, се очекува Харири денеска попладне да ја посети Елисејската палата.
Либанскиот премиер на 4 ноември објави дека поднесува оставка, со што го доведе Либан до сериозна политичка криза.
Либанскиот претседател Мишел Аун одби да ја прифати неговата оставка, обвинувајќи ги Саудијците дека го држат во притвор против негова волја.
Меѓутоа, Харири синоќа наведе дека не бил притворен во Ријад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
