Хаваи прават план за одбрана од напад од Северна Кореја
Државата Хаваи прави план во случај на ракетен напад од Северна Кореја, објави Вашингтон пост.
– Не сакаме да правиме тревога во јавноста, но не можеме да чекаме со информативната кампања за да обезбедиме жителите на Хаваи да знаат што да прават во случај на таков настан, изјави Верн Мијаги, администратор на хавајската Агенција за вонредни ситуации.
Подготовките за заштита од напад вклучуваат евакуација на ученици од школи и јавни известувања од типот „влезете внатре“, „останете внатре“...пренесе Хонолулу стар адвертајзер повикувајќи се на изјави на неименувани официјални лица.
Хаваи е единствена американска држава нападната во модерно време од странска сила – Јапонија во 1941 година го нападна Перл Харбор. Од тогаш државата е фокусирана на подготовки во случај на тајфун, цунами, но не и напад од проектили.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза