ХДЗ би можела да состави нова влада на Хрватска и без Мост

Хрватската селанска партија (ХСС) соопшти дека ќе ја поддржи новата влада на Хрватска предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ, со што на партијата повеќе не и е потребно коалицирање со Мост за да обезбеди мнозинство во Саборот, објави информативниот портал „Индекс“.
Лидерот на ХСС, Крешо Бељак најави дека петте пратеници на оваа партија ќе се потпишат на кандидатурата на Пленковиќ за премиер и дека во следните сто дена нема да ги повлекуваат своите потписи.
Хрватските медиуми наведуваа дека заедно со своите 61 мандати и со осумте пратеници на националните мацинства и петмината членови на ХСС, ХДЗ сега има 74 гласа и може лесно да ги обебзеди уште неопходните два мандати за мнозинство во 151-члениот Сабор и без поддршката на партијата Мост.
Ваквиот развој на настаните значително ја ослабува позицијата на Мост во преговорите за формирање на новата Влада, имајќи предвид дека партијата постави седум услови за влез во коалиција со ХДЗ, а според непотврдени информации барала и седум министерски места и функцијата претседател на Саборот.
Доколку сепак ХДЗ не се откаже од коалицијата со Мост, во таков случај ќе може да смета на стабилно мнозинство во Саборот, кое би можело да достиге и до 91 пратеник.
На вонредните парламентрани избори во Хрватска одржани на 11 септември, ХСС беше дел од опозициската Народна коалиција предводена од Социјалдемократската партија (СДП) на поранешниот премиер Зоран Милановиќ.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време со дожд, на планините снег и заладување од недела
-

ЗОИ 2026: Симболичен настап на Јада во квалификациите на крос-кантри спринтот
-

Нивото на водата на Охридското Езеро 16 сантиметри над февруарскиот просек
-

Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
-

Позната причината за смртта на Кетрин О’Хара
-

ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Герасимовски: Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање
